-Пак би се мажела, изјавува Елизабет Харли која од минатата година е во врска со австриецот.
Ја запросил на вечера во Марбели пред околу 15 луѓе. Било многу романтично. Му скокнала во прегратка и се согласила без размислување- откри близок пријател на Елизабет Харли(46) и Шејн Варни(41). Глумицата со поранешниот австралиски играч крикет моментално се наоѓа на одмор во Шпанија. На јахта на пријател на Шон Џејмс Пакер(44) крстарат по Медитеранот.
-Заљубен е како кученце. Сигурен е дека е таа вистинската жена за него – вели Џејмс.
Елизабет и Шејн се во врска осум месеци. Заради аферата со Шејн таа се разведе после четири години брак со Арун Најара(46).