Пакистанската војска соопштила дека талибанците објавиле видео снимка од убиство на 16 пакистански војници кои предходно биле заробени во судирите во јуни во северозападниот дел од земјата.
Видео снимката прикажува како пакистанските војници, полицајци, се наредени со рацете врзани зад грб, стојат пред вооружени талибанци кои носат марами за да ги сокријат лицата.
На снимката се гледа како еден талибан ги обвинува заробените за убиство на шест деца од пакистанската долина Сват и потоа пукаат на заробениците директно во глава, пренесува АР.
Во тридневните судири во јуни убиени се најмалку 30 припадници на пакистанските безбедносни сили .
За да го видите видеото клик тука. Внимание ова се вознемирувачки снимки.