Таткото на Цеца: Ќе го убијам секој кој ќе ми ја допре ќерката!

popara5 април, 20111min00
1

Подготвен сум на се’. Ќе ги убијам сите кои ќе ми го уапсат детето. Имам 62 години, и ништо повеќе не ми треба во животот, се зборовите на таткото на Цеца, Слободан Величковиќ.
Револтираниот татко во интервју за магазинот “Плус“ со изјави дека повеќе не можел да чита што се пишувало за неговата ќерка.
“Мојата ќерка е дама. Србија мора да го разбере тоа. Тоа е политика и сега кога треба да има избори, ајде малку да удриме на Цеца. Затоа што ништо не му можеа на Жељко, сега и се одмаздуваат на Цеца. Епа, повеќе не може“, изјавил Величковиќ.
Тој немал зборови да опише како се чувствува во последниве неколку дена откако во медиумите излегоа обвинувањата за Цеца.
“Кога јас ќе се расплачам, тоа значи дека нема да заврши на добро. Зошто тогаш кога ја уапсија не ја осудија? Осум години се шегуваат, и сега одеднаш… Јас тврдам, ако моето дете оди во затвор, овој свет повеќе нема да постои. Кога ќе ги изгубам очите, не ми треба повеќе ништо. Свети Петар ќе ја спаси неа. Јас убаво и велев, да и направам нова куќа додека сум жив. За тебе тато има. Јас ќе станам талибанец, ако нешто му се случи на моето дете. Зoшто ќе ми бидат трепките ако немам очи?“, со треперлив и плачлив глас одговарал Величковиќ.
За обвиненијата околу продажбата на клубот, тој изјавил:
“Тие удрија на моето дете кое нема врска со тоа. Клубот пропадна затоа што таа не можеше да го води. И сега тие покренуваат обвинение. Кој ќе ми ги допре децата, ќе го убијам, ви се колнам“, изјавил Величковиќ.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma