Познатиот комичар, актерот Џим Кери овој пат публиката ја расплака со својата тажна приказна за детството. Кога ја раскажуваше својата приказна во една тв емисија и самиот тој се расплака. Џим откри дека имал тешко и трауматично детство. Неговиот татко ја загубил работата кога Џим имал едвај 12 години. Затоа биле приморани да работат заедно како домари и обезбедување. Еден период дури живееле во комбе. Неговиот живот не бил одсекогаш таков каков што му е сега.