Темен кармин

7 јуни, 20110
Goth Beauty

Темните кармини се вратија во мода и преплавени се сите модни ревии, како и црвените килими. Но, прашањето е: Дали тие ќе се носат и надвор од модните ревии?

Некои може ќе сметаат дека усните со боја на боровница се премногу силни за да се носат во реалниот живот, но сепак тие изгледаат многу гламурозно. Овој изглед е премногу авангарден и секоја девојка не ќе може да го носи, но кога секој моден тренд би се вклопувал на сите, тогаш брзо ќе се здосади и ќе исчезне.

Се прашувате како да го носите во текот на денот? Нанесете црвен кармин и над него црн сјај. Помешајте ги овие две, се додека не добиете нијанса која ќе ви даде секси и мистериозен изглед.

Нанесете темен кармин откога ќе ја нанесете целата ваша шминка, а пред карминот нанесете слој пудра на усните. Така ќе добиете долготрајност на карминот и заводлив изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi