Тенерифе – Канарскиот вулкански остров

27 април, 20110
06

Тенерифе – Канарскиот вулкански остров

Островот Тенерифе е нешто навистина посебно. Канараски остров кој е настанат од вулкан, кој е најголем меѓу островите и нуди  неверојатен контраст на убавини.

Тенерифе е идеална комбинација на сонце, песок, природа и одмор поради кое го прави ова место едно од најпопуларните летувалишта во Европа. Со своите 269 километри крајбрежје нуди толку многу места за уживање на плажите. На северот каде пејсажот е неверојатен со  карпите, ќе најдете мали заливи кои се преубави и тивки, а на југот местата како Адеја и Арона се со голем број плажи од кои повеќето се вулкански.

Можете да пливате и да се сончате 365 дена во годината. Сонцете е секогаш присутно, а просечната температура на водата и сонцето во текот  на целата година се измеѓу 18 степени во зима и 26 степени во лето, затоа и овој остров е рај за многумина во текот на целата година. Висок квалитет на хотелските услуги и голем број активности на плажите, природната убавина се само некои од причините пореди кои Тенерифе е посетувано од илјадници туристи.

Teide Националниот парк и  Korona Forestal природниот парк се интерсни убавини на островот кои вреди да се доживеат. Нуркањето е посебно задоволство, бидејќи морето околу островот благодарение  на вулканите има неверојатна богата флора, а морето е богато и со риба.

Активностите кои може да се прават на островот се многубројни, така што Тенерифе нуди активен одмор за секој тип на гости. Велосипедизам, голф, качување по карпи, сурфање се само неколкуте спортови кои можете да ги практикувате.

Карневалот на островот е една посебна приказна преку која можете да ги запознаете специфичностите на островот и неговите жители, нивните ракотвроби, кулинарските вештини, секако морските специјалитети, компирот, разни видови на сирења какви досега не сте пробали и да ги доживеете останатите популарни обичаи на островјаните.

Секако ако решите да одите на Тенерифе ви предлагаме изнајмување на автомобил за да можете да ги посетите и многуте села кои изобилуваат со убавини.

Ви ги предлагаме следните ресторани: Regulo Puerto de la Cruz, Pancho Santiago del Teide, Mesón El Drago Tegueste, Magnolia Puerto de la Cruz, Los Troncos Santa Cruz de Tenerife.

Плажи: Martianez Puerto de la Cruz, Santiago Santiago del Teide, Troya Arona, Tamadite Santa Cruz de Tenerife, Tajao Arico,Tabaiba Santa Cruz de Tenerife.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *