Пратениците во италијанскиот парламент своите несогласувања мораа да ги решат со тупаници. Клаудио Барбато од партијата за Иднина и слобода на Италија му кажал неколку зајадливи реченици на својот колега Фабио Раниери додека во тек била расправата за пензиските реформи.
Пратениците се фатија еден со друг за врат и така настанала тепачката, а седницата била прекината на неколку минути.