Терапија со гени од алги го повратила видот кај слепи глувци

26 април, 20110
Blue_eye

Повеќе од 15 милиони луѓе во светот живеат во темнина, заради болести како што се макуларна дегенерација или ретинитис пигментос, фоторецепторите кои ја претвараат светлината во електрични импулси се оштетени и мозокот не може да ја добие информацијата за сликата. Но, научниците од Институтот за генетика од Лос Анџелес мислат дека го пронашле лекот како да им го повратат видот на сите овие луѓе.

Од алгите е извлечен ген кој содржи протеин осетлив на светлина. Потоа го додадовме на клетките на ретината, објаснил научникот Алан Хорсагер чиј тим ја практикувал постапката на група глувци.

По десет недели откриено е дека протеинот се вклопил со биполарната ќелија на ретината. Глувците биле ставени во лавиринт, со шест можни положби, а на излезот било поставено светло. Лечените глувци успеале да го пронајдат патот до светлината два пати побрзо од оние кои не биле третирани. По 10 месеци постапката била повторена, по што кај веќе третираните глувци се покажале значително подобрени резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi