Постои тест кој се базира на примерок на крв и може да открие рак на јајници во рана фаза. Но лошата вест е тоа што лекарите не се согласуваат целосно со т.н. CA-125 тест. Toj се користи за откривање на келиите на антиген, кој е специфичен за ракот на јајниците. Меѓутоа, проблемот е во тоа што тој не е покачен само кај ракот на јајниците, туку и со ендометриозата, воспаление на карлицата, овулација, па дури и бременоста. Клучот е во холистичкиот пристап, кој треба да содржи, покрај вагинален гинеколошки преглед и палпација и ултразвучно испитување, по можност со power doppler техника. Само кога сите три резултати укажуваат на забрзан проток и развој на ново ткиво, постои можност за појава на карцином. За да испитувањето биде целосно направено потребно е е да се направи хистолошка обработка на примероци од ткивото, само така ќе се потврди дијагнозата.