Tim Robbins ги загуби двајцата родители во рок од 12 дена
21 април, 20110
Актерот Tim Robbins моментно поминува низ најтешкиот период во животот. Тој за само 12 дена ги загуби и двајцата родители.
Најпрво починал неговиот татко, а само 12 дена подоцна починала и неговата мајка во заедничкиот дом во Мексико.
Тој за својата мајка изјавил: Таа беше жена со големо срце и љубов за секого, многу мирна а воедно и многу жива особа, со остар ум и нежен дух.