Украинското обвинителство вчера покрена тужба против поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко заради злоупотреба на функцијата кога го потпишала договорот со Русија за увоз на гас по цена, за која обвинителството тврди дека била превисока.
Според истражителите, 10-годишниот договор, потпишан во јануари, 2009 година бил штетен за украинската економија, а Тимошенко немала одобрение од кабинетот да го потпише договорот.
Портпаролот на канцеларијата на јавното обвинителство, Јуриј Бојченко изјавил дека тој потег на поранешната премиерка и нанел на државата штета од 3,5 милијарди гривњи, или 440 милиони долари.
Тимошенко, претходно беше приведена на испитување, по што беше пуштена дома.
Судот издаде налог за нејзино апсење, но затоа што таа се појави на испитувањето одлучено е процедурата да продолжи без притвор.
Бојченко рекол дека Тимошенко, лидерка на опозициската партија “Татковина“ е обвинета за корупција во други два случаи.
Тимошенко тврди дека обвиненијата против неа се дел од кампањата на претседателот Виктор Јанукович против опозицијата.
Извор: Нетпрес