
Анкетите покажуваат дека 50 до 60 % од мажите ги изневеруваат своите партнерки, додека кај понежниот пол тој процент изнесува 45 до 55%. Вашиот партнер почнува да останува подолго на работа, поминува часови пред огледалото, ви недостигаат пари на сметка кои не може да се објаснат, а вам нешто ви „смрди“ во целата ситуација. Па, бидете му благодарни на вашето „шесто сетило“, затоа што најверојатно станува збор за друга жена!!! Па, каков вид на мажи најчесто изневеруваат???
Нарцис: Не престанува да се фали, тој е најубавиот, најдобриот и очекува сите да му се восхитуваат. Нарцисоидните луѓе мислат дека имаат повеќе права од другите, па затоа сметаат дека правилата за моногамија не важат за нив.
Не чувствува вина: Мажите кои не се чувствуваат каење или вина кога прават нешто погрешно се први кандидати кога станува збор за неверство. Тие едноставно не знаат за емоции кои треба да постават некакви граници на нештата.
Одлични лажговци: Мнипулантите и лажговците се секогаш спремни за измама, бидејќи се сигурни во себе дека нивното неверство нема да биде откриено. Постојат и такви кои самото лажење ги возбудува, па кога изневеруваат, изневеруваат со лажен идентитет.
Адреналински зависник: Мажите кои се адреналински зависници уживаат во почетокот на врската, кога сè е мед и млеко. Меѓутоа, кога ќе се смират страстите, тие се досадуваат и почнуваат да бараат нова возбуда. За нив неверството претставува врв на адреналинската возбуда, затоа што постојано се во опасност да бидат откриени.
Претходни „престапници“: Оној кој изневерил еднаш, ќе изневери и втор пат. Затоа, доколку знаете дека тој порано направил такво нешто бидете спремни на се. Затоа и врска со зафатен човек никогаш не е добра идеја, затоа што наското вие може да се најдете во улогата на измамена жена.
Ја загубил својата работа: Не паничете, губењето на работното место не е секогаш сигнал за афера. Но, невработеноста ги прави мажите да се чувствуваат загрозени, па тогаш често се впуштаат во непромислени афери за да ја вратат самодовербата и самопочитта.