Фронтменот на групата U2 вложил пари во акции на Facebook пред две години, што денес дефинитивно многу вреди. Всушност, Боно Вокс (51) по пат на Facebook, заработил милијарда долари.
Акциите пред две години ги купила и компанијата Elevation Partner. Тогаш вределе 210 милиони долари, а истите акции денес вредат 975 милиони долари или повеќе од 400%. Според Форбс, музичарите на групата U2 се едни од најбогатите на светот. Имаат повеќе пари од Бон Џови, Елтон Џон и Лејди Гага.