Тоне бродот на Викиликс!

popara23 август, 20111min00
385500-julian-assange

WikiLeaks се прослави со објавување на тајните документи на владите и коопрорациите низ целиот свет. Но на сонот очигледно му дошол крај, бидејќи со заминувањето на еден од основачите на WikiLeaks , Даниел Домчит полека ќе згасне и целата таа организација. Даниел открил дека пред неговото заминување од WikiLeaks избишал 3500 необјавени документи, вклучувајќи ги и оние за кои Џулиан Асанж ветил дека „ќе урне некои банки“, како и целиот попис на лицата кои имаат забрана за пристап во САД, пишува The Age.

Добив предупредување од еден таен агент дека Даниел бил во контакт со ФБИ и дека информациите кои им ги приложил им биле од корист, коментирал Асанж за заминувањето на довчерашниот негов најдобар колега.

Даниел, своето заминување пак, го доживува на друг начин т.е тој изјавил дека документите кои тој ги избришал биле со цел за да ја задржи нивната веродостојност. Асанж смета дека Даниел е само еден никаквец кој не знае да ги заштити серверите ниту податоците на нив, во што очигледно има малку вистина, со оглед на фактот дека Даниел успеал да избрише толкава количина на документи без да вклучи никаков аларм. Неговиот потег би бил истотака бесмислен доколку WikiLeaks ги користи навиките на речиси сите корисници на компјутери и на сигурносните копии.

Судбината на WikiLeaks во овој момент не изгледа светла, а тоа е поради заминувањето на Даниел, и куќниот притвор на Асанж поради ужбата за силување, а донациите не стигаат на сметка на компанијата бидејќи пред извесно време PayPal им ја блокирал сметката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag