Toп 10 најпознати “PINUP” девојки

21 јуни, 20110
pin-up-girls-collage

Влезот на Америка во Втората Светска Војна во 1941 година го предизвика појавувањето на “PINUP” девојки, насмеани девојки во оскудни и провокативни облеки и ситуации. Сликите ги красеа војничките шкафчиња, ѕидовите на касарните, па дури и страните од авионите. За првпат и американската војска неофицијално ги прифаѓа овие слики и ги дистрибуира на своите војници преку фотографии, списанија и календари со цел да се зголеми самодовербата и моралот на војската. Иако златното време на “PINUP” девојките е во 40-тите и 50-тите години, “PINUP” сеуште и до ден денес како субкултура е присутна во секојдневието, модата ,фотографијата и тетовирањето.

 

10. Rita Hayworth

Познатата поза на Rita Hayworth во црно неглиже брзо го премина Атлантикот во 1941 година, бидејќи многу војници со себе ја носеа нејзината фотографија заминувајќи во војна. Таа фотографија завршува и како втора најпопуларна “PINUP” фотографија за време на Втората Светска Војна.

9. Ava Gardner

Со помош на “PINUP” фотографиите  таа и се пробива во Холивуд, со откривање на нејзините фотографии од страна на  холивудските агенти. Понатаму таа станува позната со нејзините актерски улоги како сирена и “femme fatale”.

8.Bomber Girls

Освен  “PINUP” фотографиите, американските воздухопловни сили дозволуваат за првпат авионите да бидат украсени со цртежи со “PINUP” девојки, со цел да се зголеми моралот на пилотите. За разлика од повеќето “PINUP” девојки, “Bomber Girls” претставувале маскоти или среќни амајлии со помош на кои авионите безбедно би се вратиле по извршената мисија.

7.Elvgren Girls

“Elvgren Girls” го добиваат и своето име по нивниот креатор(цртач) Gil Elvgren. Тој своите девојки најчесто ги цртал во “PINUP”имагинативни ситуации: скијање на вода,качување на дрва, работа во дворот, па дури и пукање во глинени гулаби.

6. Veronica Lake

Позната по својата руса коса, со брановидна “peekaboo” фризура, чии прамени најчесто го покриваат нејзиното десно око. Овој изглед е и најмногу имитираниот изглед во 40-тите.

5. Zoe Mozert

Една од ретките жени цртачи на “PINUP” девојки. Таа и самата себе си позира како модел за цртање. Таа со помош на позирање си го платила и уметничкото училиште.

4. Jane Russell

Позната и по својот прекар “sweater girl”. Нејзиниот прв филм за малку ќе бил и повлечен од прикажување поради многубројните цензури. Комичарот Bob Hope, изјавил дека не би можел да ја опише Jane Russell без да ги користи и рацете, што се однесувало на нејзиното прекрасно тело.

3. Vargas Girls

Веројатно е и најпознатиот цртач на “PINUP” девојки.Тој имал договор со познатиот Esquire магазин за да презентира секој месец по една  “PINUP” девојка. Неговите “PINUP” девојки секогаш се цртани на бела позадина.

2.Bettie Page

За разлика од претходните “PINUP” девојки таа својата популарност ја стекнала во 50-тите години. Иако кариерата како “PINUP” девојка и траела 7 години, таа е најпрепознатливата “PINUP” девојка, денес. Нејзината позната фризура со шишки и денес е копирана од многу девојки.

1. Betty Grable

Наградата за најпозната “PINUP” девојка за време на Втората Светска Војана и припаѓа на Betty Grable, која на фотографијата позира завртена преку раменици во бел едноделен костим за капење и високи потпетици. Со помош на оваа фотографија таа заедно со нејзиното студио ја лансирала нејзината актерска кариера, а подоцна била и најплатената глумица во Америка, со заработувачка од $300,000 годишно.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi