Топ 10 најзлобни Disney ликови

24 јуни, 20110
AAAAC1p-TrsAAAAAAMsboQ

Дури и анимациите на Disney не остануваат имуни на злобниците, без нив не може да постојат хероите

Ова се 10 најзлобници, кои сите многу добро ги познаваме од нашите омилени анимации, нажалост некои од нас може и ги сретнале на животниот пат.

10  Stromboli-Pinocchio

Големиот и дебел шоумен кој ги гори своите марионети од кога ќе си го отслужат својот век. Гледајќи голем приход во Pinocchio безобразно го лаже малиот наивко и го принудува на работа како роб.

9 Cruella De Vil – 101 Dalmatians

Непријателка на сите животни со крзно. Спремна да убие мали слатки кутриња за да направи палта, и те како заслужува рангирање на листава.

8 Governor Ratcliffe-Pocahontas

Овој голем алчник по потрага по богатства е готов да ги уништи “дивјаците„  и да им го земе наводно златото кое го поседуваат. Гази немилосно и буквално по живи луѓе за да се збогати, звучи доста познато а?

7 Jafar – Aladdin

Опиен од зло и желба да владее со тронот на Аграбах, Jafar дури е способен за  повеќе облици користејќи магија, еден од омилените трансформации му е кобра – совршена за овој злобник

6 Lady Tremaine – Cinderella

Злобната и егоцентрична маќеа на Пепелашка, способна да ја малтретира кутрата девојка психишки и физички, уништувајќи и ги сите соништа и желби, третирајќи ја како роб. Способна да малтретира некој до срж без да го допре со прст… без понатамошни коментари.

5 Shan-Yu –Mulan

Немилослив лидер на Хуните, дојден да ја освои Кина, подготвен на се, особнео кога се работи за животот на другите, дури убивајќи и за своја забава.

4 Ursula -The Little Mermaid

Грда, манипулативна вештерка од морето, која за хоби има да колекционира души. Тргува со нив на злобен и подол начин, користејќи ги туѓите слабости за да дојде до своите зли намери како што е тронот на таткото на малата Ариел. Ништо не е свето за неа посебно не љубовта.

3 Scar – The Lion King

Уште еден вљубеник во моќта и престолот, заслепен од тоа што е комплетно способен да си го убие братот и да ја уништи сопствената фамилија, дури подло изигрувајќи го младиот престолонаследник Симба дека тој е виновен за смрта на татко си.

2 The Queen- Snow White and the Seven Dwarfs

Маќеа опседната со својата убавина, “Најубавата од сите нив“ почнува да бледнее пред убавината на својата поќерка, па да си го реши проблемот мора да се реши од својата ривалка. Без да и трепне око го нарачува нејзиното убиство и го посакува нејзиното срце за вечера. Таков гурман со комплетна заслуга на второ место.

1. Maleficent – Sleeping Beauty

Способна да изрече клетва Аурора да заспие на нејзиниот 16ти роденден боцнувајќи се од вретено, со тоа и целото кралство да го проколне на вечен сон скаменети, само заради тоа што не била поканета на мекици?  Опасната волшебничка со својот изглед просто вришти од злоба. Таа не го посака тронот но е на врвот од лошковците на Disney.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi