Штетата од земјотресот и цунамито во Јапонија – 147 милијарди евра

24 јуни, 20110
tsunami-japan-quake11320211

Јапонската влада проценила дека штетата предизвикана во земјотресот и цунамито кои ја погодија земјата на 11 март годинава, изнесува 16, 9 билиони јени или 147 милијарди евра.

При проценката, јапонската влада во предвид ги земала и штетите нанесени на куќите, фабриките и инфраструктурата на земјата.

Во проценките не се вклучени индиректните трошоци на катастрофата, кои настанале при прекинот на производството во преработувачката индустрија, а не се вклучени ниту трошоците кои настанеле поради нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Само штетата предизвикана на зградите изнесува 10, 4 билиони јени. Штетата врз сообраќајната инфраструктура изнесува 2, 2 билиони јени, а на земјоделството и шумарството, како и аква фармите на 1, 9 билони јени, соопштила јапонската влада.

Поправките на системите за наводнување и гасоводите, според проценките на владата, изнесуваат 1, 3 билиони јени.

Јапонија на 11 март ја погоди земјотрес со јачина од 9 степени по Рихтер, а потоа и северот на земјата беше погоден од цунами од околу 14 метри височина.

Повеќе од 23.000 лица загинаа или исчезнаа. Земјотресот и цунамито предизвикаа тешки оштетувања на нуклеарната електрана Фукушима Даичи, од која од тогаш истекува радиоактивен материјал.

Околу 100.000 домови беа целосно срушени, а околу пола милион згради уништени.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi