Започна судењето на Јулија Тимошенко

24 јуни, 20110
54411_tapa_332010_115244
Во Киев денеска започна судењето на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко обвинета за злоупотреба на службената должност.
“Ова е фарса и циркус, а не судење“, рекла пред судиите Тимошенко.
Според наодите на обвинителството, поранешната украинска премиерка во моментот кога склучила договор  за купување природен гас од Русија државата ја оштетила за околу 130 милиони евра.
Доколку биде осудена, Тимошенко може да добие казна и од десет години затвор.
Во знак на поддршка на поранешната премиерка пред судот денес се собрале повеќе илјади луѓе кои носеле транспаренти на кои пишувало “Гласот на Јулија е глас на народот“ и “Не на политичките репресии“.
Тимошенко тврди дека истрагата против нејзе и нејзините соработници ја покренал претседателот Виктор Јануковиќ за да ја замолчи опозицијата и да ја исфрли од изборната трка во 2012 година кога се планирани парламентарни избори.
Претседателските избори во Украина треба да бидат одржани во 2015 година, а анкетите покажуваат дека Тимошенко е најголем ривал на Јануковиќ.
Јулија Тимошенко била премиерка на Украина од февруари до септември 2005 година, а потоа на таа функција била повторно од декември 2007 до март 2010 година.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi