Топлиот бран кој го зафати Балканот однесе и човечки животи

popara16 јули, 20111min00
heat-wave

Топлиот тропски бран со температури до 40 степени, и денес, осми ден по ред, ги зафати земјите на Балканот, предизвикувајќи смртни случаи и се’ поголема опасност од пожари.

Во Хрватска, по неколкудневните температури кои достигнаа и 40 степени, пристигна освежувањето со температури пониски и за десет степени.

Високите температури во Хрватска предизвикаа и смртни случаи, а највисоки температури биле измерени околу Задар и Осијек каде изминатите денови биле регистрирани директни и индиректни жртви на топлината.

Сувото време ја олеснува и појавата на пожари, но освен големиот пожар на островот Брач, во последните денови не се регистрирани пожари во други области.

Во Подгорица денес е измерена температура од 37 степени, а во неделата бил регистриран најтоплиот ден во последните 50 години во земјата, со измерени 39 степени во Подгорица и Даниловград.

Пеколните жештини ја зафатија и Босна и Херцеговина, каде денес, во Сараево, биле измерени 35 степени. Поради топлото време, во модричката болница починала и една жена, која е првата жртва на жештините во БиХ.

Во Атина, денешните температури достигнале и до 40 степен, што се очекува и за време на викендот, додека во Солун се очекува нешто поладно време со температури до 37 степени.

Топлиот бран од минатиот викенд владее и во Албанија, која и онака се карактеризира со топла и сува клима во текот на летото, а денес е регистрирана температура од 38 степени.

Температури до 39 степени и високо УВ зрачење е измерено и во нашата држава, а слично време не очекува и следните три дена, со слабо наоблачување и температури до 37 степени.

Извор: Нетпресс

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag