Иако лекарите често советуваат дека чоколадото треба да се исфрли од исхраната, наведувајќи дека е причина за дебелеење, запек, лош тен, експертите дошле до заклучок дека црната чоколада е корисна за човековиот организам.
Како што наведуваат британските и американските експерти, постојат три причини за консумирање на црната чоколада – заштитување од стрес, намален ризик од инфаркти и брзо согорување на маснотиите.
Луѓето јадат црно чоколадо се заштитени од стресот на кој е изложен организмот во текот на физички напор.
Количината на чоколадо сепак треба да се ограничи на 100 грама и тоа оние кои содржат најмалку 70% какао, а препорачливо е да се јаде два часа пред спортски активности.
Чоколадото го намалува ризикот од миокарден инфаркт. Шансите за инфаркт во некои случаи се намалуваат дури за 57%, бидејќи неколку коцки чоколадо на ден имаат ист ефект како и аспиринот, кој се зима за намалување на коагулацијата на крвта и ризикот од затнување на артериите.
Лековитоста на црното чоколадо е поврзано со антиоксидансите кои го о граничуваат ризикот од формирање на задебелени крвни садови.
Коефеинот кој е содржан во чоколадото претставува добар стимуланс и помага масните материи два пати побрзо да се согоруваат.
Но, чоколадна диета се уште не постои, затоа бидете внимателни и немојте да консумирате повеќе од потребното, два до три реда на ден е сосема доволно.