Забрана на лечењето на астма со голтање живи риби

2 јуни, 20110
astmariba

Индиската организација за правата на децата Balala hakula sangam од државната Комисија за човекови права побрала да се забрани лечењето на децата астматичари со голтање живи риби.

Секоја година во јуни месец, во градот Hajderabad, илјадници деца од 14 години, кои страдаат од астма, доаѓаат на традиционалното лечење, кое се состои од голтање еден вид живи риби. Тие риби наводно низ патот до стомакот го прочистуваат грлото, пренесува AFP.

Овој третман со генерации го прават членовите на семејството Goud, кои тврдат дека тајната на оваа терапија, ја научиле од своите предци од некој хинду свештеник уште во 1845 година. По третманот децата треба да се на строга диета, на база на одредени намирници  во текот на 45 дена.

Една од замерките на критичарите е дека овој третман е крајно не хигиенски, бидејќи исцелителната терапија над илјадници деца, луѓето ја прават без еднаш да си ги измијат рацете.

Индиската држава, инаку, обезбедува специјален воз за овој фестивал на “рибина медицина“, а се ангажираат и полициски сили за контрола на толпата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *