Три годишно девојче со IQ 140

3 јуни, 20110
safron-pledzer-498

Три годишната Сарфон Плеџер од Sautend во Eseks направила тест на интелигенција, со кој се утврдило дека нејзиниот коефициент на интелигенција е 140, што е за 40 мерни единици повисок од национаниот просек на Велика Битанија, јавува ’Telegraph’.

Девојчето веќе знае да пишува, чита, брои до 50 и дури да извршува едноставни математички задачи, како собирање и одземање, а нема присуствувано на ниту една лекција во училиште. Нејзиниот татко Дени Плеџер, неколку пати има победувано на британскиот квиз ’Countdown’ и смета дека ќерка му рано почнала да чита, бидејќи го пратела на секој квиз.

“Таа многу сакаше да гледа ’Countdown’ со мене и мислам дека тоа и помогна да ги научи буквите и зборовите.“, изјавил таткото.

“Кога ќе пораснам сакам да си играм со играчки цел ден“, изјавило малото генијално девојче.

Семејството сега ќе чека организацијата Mens да направи конечна верификација на тестот на Сафрон, а ако биде примена, ќе стане една од најмалдите челнови на организацијата која ги собира луѓето со најголем коефициент на интелигенција. Најмладиот член на оваа организација во октомври 2009 година стана Елис Тен Робертс од Лондон, која тогаш имала две години и четри месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi