Во борби на пакистанско-авганистанската граница 34 жртви

3 јуни, 20110
Pakistan
Стотици тешко вооружени Талибани трет ден по ред го држат под опсада полицискиот контролен пункт во Пакистан кај границата со Авганистан каде во синоќешните борби се убиени 34 и ранети 32 лица.
Регионалниот шеф на пакистанската полиција Кази Џамили ул Рехман изјавил за агенцијата “АФП“ дека 34 луѓе се убиени, меѓу нив 28 полицајци и шест пакистански цивили, од кои две жени и две деца кои животот го загубиле во минофрлачки напади на нивната куќа.
Ул Рехман додал дека 32 лица се ранети, иако има и непотврдени информации дека во борбите се убиени и 45 талибански екстремисти.
Околу 500 екстремисти – пакистански Талибани, но и авганистански Талибани од другата страна на границата, учествувале во борбите кои започнаа завчера и продолжуваат денес.
Борбите се водени околу полицискиот контролен пункт Шалтал, опкружен со планини и шуми во северозпадниот пакистански округ Горен Дир, на околу шест километри од границата со Авганистан, односно авганистанската провинција Кунар.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi