Три португалски тима во полуфиналето од Лигата на Европа

popara15 април, 20111min00
11

Фудбалерите на Порто први се изборија за пласман во полуфиналето од Лигата на Европа. По убедливата победа на Спартак од 5:1 во првиот меч, новиот поругалски шампион беше убедлив и во Москва постигнувајќи повторно пет погодоци. Најнеизвесно беше во Брага, но португалскиот тим сепак го елиминираше Динамо Киев на нашиот Горан Попов. Иако со играч помалку цел еден час, Брага успеа да ја сочува својата мрежа, имаше дури и контрола врз играта, и благодарение на резултатот 1:1 од Киев се пласираше во полуфиналето.

Бенфика и Виљареал исто така ги оправдаа очекувањата. Тимот од Лисабон сепак мораше да биде загрижен во Ајндховен бидејќи по помалку од пола час игра веќе губеше со 2:0 и ПСВ во тие моменти еден гол го делеше од резултат кој би го одвел во следната рунда, но Бенфика до крајот успеа да израмни. Виљареал и на теренот на противникот уште еднаш беше подобра од Твенте. Домаќините водеа на полувреме, но кога во продолжението останаа со играч помалку следеше потоп.

Резултати:

Порто – Спартак Москва 2:5 (0:2)
Џуба 52′, Ари 72′ – Хулк 28′, Родигес 45′, Гварин 47′, Фалкао 54′, Микаел 89′

Твенте – Виљареал 1:3 (1:0)
Бајрами 32′ – Роси 60′(пен), Рубен 84′(пен), Кани 89′

Брага – Динамо Киев 0:0

ПСВ – Бенфика 2:2 (2:1)
Џуџак 17′, Ленс 25′ – Луизао 45′, Кардосо 63′(пен)

Во полуфиналните натпревари кои на програмата се на 28. април и 5. мај се среќаваат Брага – Бенфика и Порто – Виљареал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag