Трикови како да дознаете дали девојката ќе биде добра сопруга?

5 август, 20110
He put the wedding ring on her finger

Доколку сте на чекор од изговарањето на судбоносното „да!“ еве идеална шанса да проверите дали сте направиле добар избор, бидејќи  „AskMen.com“ донесува пет сигурни знаци кои покажуваат дека вашата девојка нема да биде добра сопруга и дека би требало уште еднаш да размислите пред да отидете пред олтар.

Љубоморна е

Мала доза на љубомора е здрава и нормална доколку имате чувства према партнерот. Меѓутоа, доколку вашата девојка е љубоморна на баш секоја женска особа која ќе се најде во ваша близина, такво однесување е показател дека нормалната дозволена граница е надмината.Бракот со таква девојка нема да ја направи посигурна дека е единствена женска особа во вашиот живот, а на вас ќе ви донесе долготрајни проблеми и неизбежни расправи.

Не се сложувате во сексот

Што и да мислите за тоа кој е најважен столб на врската, сексот е многу важен дел и од врската и од бракот. Доколку вашите сексуални потреби не се поклопуваат со нејзините, сигурно е дека тоа ќе биде проблем, а многу можно и причина за секс настрана.

Не ги сака вашите пријатели во близина

Секој најголем дел од пријателствата ги има стекнато пред бракот, а доколку вашата девојка веќе сега се обидува да ви забрани да се дружите, ситуацијата ќе се влоши откако ќе стапите во брак. А тоа што не го подржува вашето дружење со пријателите е сигурен показател дека ќе стане тип на сопруга која нема живот надвор од бракот.

Се обидува да ве промени

Доколку вашата девојка константно има примедби на вашиот изглед, однесување, кариерата или навиките, значи дека не сте доволно добри за неа. Во тој случај би требало да се прашате колку од тоа сте спремни да се откажете или да се промените поради таа врска.

Проверете уште еднаш дали таа е ТАА

За успешен брак не е доволна само љубов и не дозволувајте да ве заслепат емоциите кои сега ги чувствувате. Влегување во брак значи и со некој да го поделите и остатокот од својот живот, а бидејќи имате само еден, размислете два пати за тоа дали таа ќе ве прави среќна до крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi