Трикови кои ќе ви помогнат да ги прекриете “перничињата” околу половината

popara18 август, 20111min00
stomak

Со нашите совети можете да ги сокриете перниците околу струкот, несовршените раце и грбот.

Постојат трикови кои ќе ве натераат да изгледате послаби и да се чуствувате подобро. Ние ви даваме совет на што треба да внимавате и каква облека да одберете за да ги прикриете недостатоците.

МАФИН ТОП-Масни влошки на колковите и грбот се проблем што настанува со топлото време. Тоа не е пријатно за око, па ако сте сопственик на непопуларни “мафин топови”, бидете сигурни дека вашата кошула оди над фармерки или панталони, и да се избегнат тесни панталони што уште повеќе ке го нагласи овој недостаток. Одличен избор за поголеми дами се кошули и туники, панталони малку повисоки од половината. Доколку имате широки колкови изберете тесни здолништа до колената.

ОПУШТЕНИ НАДЛАКТИЦИ- Овој проблем ги мачи многу жени кога ке дојде лето. Изберете облека со ракави кои нема да ги оцртуваат надлактиците и внимавајте бојата да не биде во преголем контраст со бојата на вашата кожа.

ОДЕЊЕ НА ПЛАЖА- Одењето на плажа може да биде ноќна мора доколку сакате да го скриете вишокот на килограми. Иако речиси тоа е невозможно, постојат трикови за да ви помогнат. Заборавете на бикини и хоризонтални ленти, изберете едноделен костум за капење во потемна боја со ‘V’деколте. И ставете наќит, тоа го одвлекува вниманието.

ВНИМАВАЈТЕ НА РАМКАТА НА НАОЧАРИТЕ- Големите рамки на очилата го прошируваат вашето лице. За да се избегне оваа стапица, се комбинираат круг рамки со права и распуштена коса и раздел на косата на средината. Тркалезното лице ќе изгледа подобро доколку заштитие со прамени од косата и ги нагласите очите јака шминка, а за вечерните излегувања ги нагласите трепките. Поиграјте си со руменилото и нагласете ги образите, само пазете да не претерате.

НЕ за тесните фустани- Тесна облека и обувки со полна пета, не се најдобар избор за вечерта. Нема да се осеќате пријатно доколку постојано мислите дали ќе ви се види вашиот стомак или не. Мал црн фустан е решение кое што ќе ве спаси во секоја ситуација. Должина до колена и набори во стратешките места ќе ве натераат  да изгледате послабо и елегантно. За да ја разбиете монотонијата, може да облечете сандали во светла боја и да ставите голем накит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag