Трикови кои нозете ги прават подолги и повитки

23 јули, 20110
dolgi noze

Без разлика колку ви се кратки нозете, постојат неколку трикови како да направите да изгледаат манекенски витки и долги.

Носете потпетици во боја на кожата

Ништо друго не создава поголема илузија за супер долги нозе како чевлите во боја на кожата со висока потпетица, плус и со платформа која сега е во мода. Овие потпетици ги прават нозете да изгледаат како да немаат крај, за разлика од чевлите во боја која точно ја одредува границата меѓу ногата и стопалото. Ако не можете да носите потпетици или не смеете да ги носите на работа, рамни чевли во месо боја се послаба, но не многу лоша варијанта.

Бронзерот е ваш пријател

Со бронзер исцртајте  ја линијата на потколеницата. Не само што ќе добиете сјај, туку и ќе ја продолжите ногата. Можете да го искористите било кој што го имате при рака. Доколку немате, можете да искористите и светликав лосион. Ако немате ни тоа, обидете се со сенка за очи која содржи сјај.

Избегнувајте хоризонтални додатоци

Хоризонталните линии не прават пошироки отколку што сме, тоа е докажано. Но тие и понатаму  се непријател на нозете, посебно ако тие нозе се кратки. Избегнувајте карнери и тантели. Исто така и фармерки кои имаат хоризонтални шевови, бидејќи нозете ги прават пократки и подебели.

Побарајте асиметрични кроеви

Иако асиметричните кроеви некои жени ги прават понеобични, тие можат значително да ги издолжат нозете бидејќи личноста која ве гледа не може да одреди точно каде завршува здолништето и каде почнува ногата.

Една боја

Носењето на облека во иста боја од глава до пети ги привлекува очите и горе и доле, правејќи ве да изгледате високи и слаби, поради што вашите нозе ќе изгледаат како да немаат крај. Можете да поврзете иста боја или да се одлучите за парчиња во бои кои припаѓаат на иста група. Само запомнете, темните бои ќе направат да изгледате потенки, па користете ги во критичните делови.

Вертикалните линии се чудо

Вертикалните линии имаат ефект да изгледате повисоки, послаби и тенки. Побарајте облека со вертикални ленти од било кој вид, па дури и панталони со вертикални набори и шари. Не можете да погрешите со тесно здолниште со елегантни тенки линии кое одговара на секоја пригода.

Висок струк

Еден од најдобрите начини за вашите нозе да изгледаат подолги е носењето на здолниште и панталони со висок струк. Секогаш кога носите облека која е порабена на погрешно место, ризикувате визуелно да ги скратите нозете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *