Триумфалната капија

popara3 август, 20111min00
trijumfalna_kapija

Центар на Париз

Napoleon Bonaparte, претставуваше еден од најголемите тирани кога станува збор за светските историски познати градби. Архитектот Chalgrin, морал во центарот на Париз да ја изгради најголемата Триумфална капија, откако ја добил неговата наредба: “Треба да ја изградиш во моја чест, а не во твоја“! Всушност сакал да изгради сопствен споменик, во чест на сите негови победи, војни и борби. Сепак, еден ваков споменик веќе постоеше:“Мала Триумфална капија“, пред Лувр. Но, Napoleon, сметал дека нејзината слава веќе одамна била одмината.

Стилот од тоа време како и љубовта на царот кон римската антика – претставувале инспирација за Chalgrin. И, најситниот детаљ што го осмислил, претставувал копија од римската антика. Но, во кобната 1811 година, кога големата армија на Русија тргнала во поход, започнала изградбата на Триумфалната капија. Сепак, на Napoleon не му било судено да ја види довршена. Неговата желба, неговата замисла, за изградба на величенствената капија, пораскошна од Версај, поимпозантна од Лувр, останале во државните архиви. Дури, 25 години подоцна кралот Louis Philippe, ја продолжил изградбата. Неговите вајари им дале колосални релјефи на столбовите. Го овековечиле крунисувањето на Napoleon, битките од времето на Републката и Царството, славните походи. Вкупно 172 битки се овековечени и 386 генерали се испишани, на камената површина на Триумфалната капија.

Денес, оваа 49 метри висока, 45 метри широка и 22 метри длабока сребреносива капија претставува мајсторско дело. Оваа градба е сместена во центарот, каде се вкрстуваат дванаесет авении на плоштадот Етоал. Во текот на целиот ден, илјадници автомобили од Етоал се слеваат во прекрасната улица Шанз-Елизе. Од 11 ноември 1920 година, под сводот на Триумфалната капија почива безимен борец од битката кај Верден. Вечен пламен гори под гробот. Всушност, почитта кон мртвите, а не славата на победите на еден цар, ја направија Триумфалната капија национален споменик на Франција.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag