Тројца мртви, 130 повредени и оштетена втора нуклеарка во нов земјотрес во Јапонија

8 април, 20110
1

Три лица загинале, а најмалку 130 се повредени во земјотресот со јачина од 7,4 стпени според Рихтер, кој вчера ја погоди североисточна Јапонија, јави Итар-Тасс, повикувајќи се на соопштение на јапонската полиција, пренесува Нетрпес.
Загинале една 63-годишна жена во префектурата Јамагата и двајца мажи на возраст од 79, однсно 85 години, жители на префектурата Мијаги.
Вчерашниот земјотрес беше вториот најсилен потрес по катастрофата што ја погоди Јапонија на 11 март, годинава.
Оштетувања од потресот имало во атомската централа “Онагава“ во североисточниот дел на земјата, во која дошло до неконтролирано истекување на вода, но нема промена во нивото на радијација надвор од нуклеарката, соопштила компанијата “Тохоку електрик пауер“, која стопанисува со централата, пренесува “Ројтерс“. Според информацијата, водат истекла од базенит за чување на обработено нуклеарно гориво, во првиот и вториот реактор.
Земјотресот причинил големи материјални штети на многу објекти, избувнале и пожари, а оштетувања имало и на системите за снабдување со гас. Повеќе од 3,6 милиони домажинста останале без електрична енергија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *