Тројца починати во студентски протест во Перу

23 јуни, 20110
Protests-In-Southern-Peru-006
Во судир меѓу полицијата и студентите, кои протестирале против планот за изградба на нов универзитет во Тајакаха на северот на Перу, загинале три лица, меѓу кои и едно 10-годишно момче, а 32 лица биле повредени, соопштиле тамошните власти.
Немирите избиле во вторникот, кога студентите запалиле три владини згради, и продолжиле во текот на целата ноќ, јавува “АФП“. Меѓу жртвите биле и едно 10-годишно момче и еден студент, како и еден полицаец кој бил убиен од огнено оружје.
Перуанските власти, пред една недела усвоија план за изградба на нов универзитет во Тајакаха, во една од најсиромашните провинции во Перу.
Студентите протестирале оти сметале дека плановите за изградба на новиот универзитет би можеле да го загрозат финансирањето на нивниот факултет.
Во Тајакаха, истовремено биле одржани и собири за поддршка на изградба на универзитет во тој град кој има 140.000 жители.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *