Украдениот накит на Ева Перон најден кај криминалци од Србија

23 јуни, 20110
IMG_1173
Накитот на поранешната аргентинска прва дама, Ева Перон, вреден шест милиони евра, кој пред две години беше украден во Шпанија, е пронајден во соба во луксузен хотел во Милано, изнајмена од група криминалци од Србија, соопшти синоќа италијанската полиција.
“Лицата кои ја изнајмиле собата во која е пронајден накитот се во бегство и тие се припадници на криминална група од Србија која живеела во близина на Милано“, изјавил полицаецот Антонио Болоњани.
Маскирани како шеици и инвеститори од Блискиот Исток, крадците го убедиле сопственикот на златарата “Хојас Софија“ во Валенсија да им ја продаде колекцијата што ја набавиле од наследникот на Ева Перон по нејзината смрт.
На состанокот во декември 2009 година, крадците побарале од сопственикот на златарата да го стави накитот на маса додека тие ги броеле десетте милиони евра, колку што требале да платат за накитот, а под масата се криел нивен соучесник кој вистинските пари ги заменил со лажни, јавува “Ројтерс“.
Продавачите се посомневале дека нешто не е во ред, но крадците го грабнеле накитот и избегале.
По повеќемесечна истрага на шпанската и италијанската полиција, во мај минатата година, во Шпанија биле уапсени шест припадници на криминалната банда, а во Милано уште еден нивен член.
Во вторникот, кога полицијата влегла во собата во италијанскиот хотел, еден член на бандата избегал, оставајќи зад себе три четвртини од колекцијата накит, во која имало шест прстени, обетки и тијарата што Ева Перон ја добила на подарок од холандското кралско семејство.
Ева Перон почина од рак во 1952 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber