Рома одлучи за 10 милинои евра да го откупи од Милан напаѓачот Марко Бориело. Овој 29-годишен голгетер минатата сезона ја мина на позајмица во редовите на тимот од Рим, а притоа се усогласени сите детали околу евентуалниот откуп.
Бориело минатата сезона на 34 меча постигна 11 погодоци во Рома, а оваа сезона се очекува да прикажува што подобри игри, можеби и во тандем со Бојан Кркич, за кого е испратена понуда до Барселона.