Автопат низ Алпите
За една петтина од 580 милиони жители во Европа, 16 јули 1965 година претставуваше значаен ден. Повеќе од стотина милиони жители на Франција, Италија и Швајцарија, прославуваа за отварањето на новиот тунел. Колони на автомобили со развиорени знамиња за првпат возеа по 3,5 метри широките ленти, под највисоката планина во Европа (4.807 метри).
Тунелот под Монт Блан е долг 11,7 километри и ги спојува Франција со Италија или поточно Шамони со Курмајер. Рим и Париз, главните градови на двете држави кои го изградија тунелот, се приближија на само дваесест часа возење. Новиот тунел на Алпите претставуваше еден од првите големи обиди да се помине најтешката сообраќајна препрека во Европа, долга 600 километри и од 1.500 до 4.800 метри вискиот алспки ланец.
Тунелот преку алпскиот масив со тек на времето стана конфликтна тема на високата политика. За голем број на влади тунелот претставуваше болна тема. Земјите, кои го изградија се здобија со огромни предности. Но, секој нов аплски тунел во истовреме претставуваше и закана за европската пазарна рамнотежа. Затоа, доаѓаше до вистинска “војна“. Најпрво ја започна Франција во 1871 година, кога ја доврши изгрдбата на Монсен тунелот. Во текот на една деценија овој тунел и осигури надмоќ во трговијата меѓу Англија и западна Европа од една страна, а од друга страна меѓу земјите од Средоземјето и земјите од Исток. Започнувајќи од 1878 година швајцарскиот тунел Сен Годард започна да му конкурира. Тоа, всушност допринесе до зголемување на предноста на Германија. После тоа, Швајцарија и Италија, заедно ја започнаа изградбата на најдолгиот тунел во светот, 19.825 метри долгиот Симплон – железнички тунел.
Денес, сепак се многу поинтересни тунелите изградени на автопат, отколку железничките тунели.
Подолг временски период, проектот за изгрдба на тунел под Монт Бланк, го привлекуваше вниманието на француските и италијанските инженери. Во март 1953 година, во Париз беше постигната спогодба за техниката која ќе се користи и за поделбата на трошоците. Бидејќи, Женева имаше многу поголем интерес за изградбата на тунелот, беше согласна да го обезбеди поголемиот дел од паричните средства. Двете групи на градежници, италијанските и француските, требаше да се сретнат после 5.600 метри во внатрешноста на планината. За Италија, Монт Блан претставуваше “тврд орев“.
Најпрво мораа да пробијат низ карпа од варовник, со помош на огромна градежна машинерија со монтирани околу 20 машини за бушење, полека се пробиваа се подлабоко низ планината – за што им беше потребно околу шест години. Специјалните машини изнесувале околу милион кубен метар земја и камења од тунелот. Секако, во текот на изградбата наидуваа на многу проблеми, продори на вода, одрони, што понекогаш влијаело очајнички на работниците. Италијанскиот работен камп, бил уништен од лавина, меѓутоа со неизмерен напор, огромните трошоци, сепак се исплатело.
Кој сака да пристигне брзо од север до југ, возењето низ Монт Блан претставува величествено искуство. Сепак, нема сомневања, удобноста и брзината треба да се платат.