Социјалната мрежа “Twitter“, која моментално има 200 милиони корисници, вчера прослави 5 годишнина од своето постоење.
“На 15 јули 2006 година, на оваа социјална мрежа се оставени 224 пораки. Денеска корисниците постираат толку пораки за помалку од 1 минута„, напишале во извештаите од оваа компанија.
Инжињерите на Твитер денеска велат дека секојдневно испорачуваат 350 милијарди пораки, пренесува AFP.
Твитер денеска брои повеќе од 200 милиони корисници, а според неодамна објавените податоци, 13% од корисниците се во САД.