Венеција, Италија

16 јули, 20110
Venice-Gondola1

Венеција е една од најважните туристички дестинации во светот, поради тоа што градот е еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот. Во градот доаѓаат во просек 50.000 туристи дневно. Во 2006 година, тoj беше 28-ми меѓународно нajпосетeн град во светот, со 2.927.000 меѓународни пристигнувања таа година.

Туризмот е главен сектор на Венецијанскaтa индустрија уште од 18 век, кога беше еден од главните центри за големата турнеја, поради неговиoт убав градски пејсаж, уникатност и богатото музичко и уметничкo културно наследство. Во 19 век, стана модерен центар за богатите и славните, кои често престојувале или вечерале во луксузните објекти како Даниели Хотелот или Кафе Флориан. Тој продолжил да биде модерен град во раниот 20 век. Во 1980 година, Карневалот во Венеција беше оживеан и градот стана еден од главните центари зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, културни, филмски, уметнички и музички продукции.

Денес постојат голем број атракции во Венеција, како што се базиликата Свети Марко, Големиот канал и Плоштадот Свети Марко. Lido di Venezia е исто така популарна меѓународнa луксузнa дестинација, која привлекува илјадници актери, критичaри, познати личности и луѓе филмската индустрија.

Сепак, популарноста на Венеција како главна туристичка дестинација во светот предизвика неколку проблеми, вклучувајќи го и фактот дека градот може да биде многу пренатрупан на некои периоди од годината. Некои тоа го сметаат за туристичка замка, а од другите како „жив музеј“. За разлика од повеќето други места во Западна Европа и во светот, Венеција стана широко познатa по своите елементи на елегантна рушевина.

Kомпетитивноста на странците што сакаат да купат дом во Венеција направи цените да се зголемат толку многу што голем број од жителите се принудени да се преселат во попристапни области како Венето и Италија, собено Местре.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit