Еден учител во училиште во Џорџија се прошетал целосно гол по ходниците на училиштето. За среќа не го видел никој од учениците, го видел само еден колега. 31 годишниот Портер завршил во затвор обвинет за непримерно однесување во јавноста. Бидејќи не го видел ниту еден ученик тој ја избегнал тужбата за злоставување на малолетни лица.
По ова, неколку родители на децата кои учат во тоа училиште изјавиле дека го виделе учителот како шета гол околу ресторан за брза храна.
Во полицијата Портер зборувал за нов степен на просветление и рекол дека сите треба да се слободни сега кога се отворило “третото око”. На ова полицијата му одговорила дека покажувањето на “третото око” во јавноста е забрането.