УЈП ќе отпочне присилна наплата за неплаќачите на радиодифузна такса

11 јули, 20110
ujp

Управата за јавни приходи апелира обврзниците за радиодифузна такса кои не извршиле плаќање на јавната давачка во законскиот рок, истото да го сторат во најкусо време, бидејќи даночната администрација ќе отпочне со присилна наплата на нивните долгови.
“Потсетуваме дека плаќањето на радиодифузната такса се врши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец (пр. радиодифузната такса за месец Јуни треба да се плати до 15-ти Јули), а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок, се пресметува камата од 0,03 отсто и тоа за секој ден задоцнување“, се вели во соопштението на УЈП.
Со цел олеснување на плаќањето на РДТ, граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање на радиодифузната такса за повеќе месеци, односно за цела календарска година или пак да вршат плаќање со траен налог за што треба да потпишат договор со носителот на платниот промет, односно банката.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi