Научниците од Институтот за мобилна биологија во украинскиот град Лвов откриле микроорганизам кој ги разградува човечките канцерогени клетки.
“Го истражувавме микроорганизмот наречен Аргенина долго време и стигнавме до заклучок дека тој може да се бори против клетките на ракот “, соопштил Андриј Сибир, директор на Институтот.
Сибир додаде дека во моментов научниците работат на методологијата за спроведување на микроорганизмот во заболените клетки. Новата технологија се чува во тајност иако украинските експерти ветуваат дека ќе ја претстават по приемот на практични резултати.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) ракот е причина за 13 отсто од смртните случаи во светот. Повеќе од половина милион луѓе, или околу два отсто од населението, страдаат од различни видови на рак во Украина.
Извор: Нетпрес