Повеќе од стотина фанови на Ејми Вајнхаус се собраа пред нејзината куќа во Лондон, и направија забава.
Но, учесниците во забвата излегле од контрола, при што под дејство на големо количество на алкохол направиле огромна врева. Соседите биле приморани да викнат полиција, па забавата била прекината на скандалозен начин. Биле усапсени многу млади луѓе.
Улицата пред домот на Ејми изгледала ужасно. Многу цвеќиња, запалени свеќи, писма, празни шишиња алкохол, лименки… се она што било оставено и испиено од нејзините фанови. Најлошо е што причината заради која почина Ејми, преголемата доза на алкохол и дрога, сега ја внесуваат и нејзините фанови.