Во видеово кое ви го претставуваме станува збор за едноставна ситница која на некои луѓе може да им овозможи повеќечасовна забава. Урагански топчиња се всушност две најобични челични топчиња (лагерчиња) заварени заедно.
Најчесто се користат топчиња од неисправни лежишта на машини за перење, по спојувањето тие треба да се стават на мазна површина и да се завртат, а понатаму нивната брзина се одржува со додатно дување од сламка.
Така топчињата може да се вртат со минути, а исто така може да биде забавно ако се осветлуваат со различни бои на светлина. Како тоа изгледа во пракса, погледнете тука!