Уште еден земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во земјавата
15 мај, 20110

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Валандово и Крива Паланка, денес, во еден часот и 32 минути, регистрирале земјотрес од тетовското епицентрално подрачје, со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е почувствуван во епицентралното подрачје со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала – 1998, а во други места од западниот дел на Републиката бил почувствуван со послаб интензитет.