Од полноќ официјално започнува предизборната кампања

15 мај, 20110
izbori - Copy
Од ноќеска на полноќ официјално започнува предизборната кампања на сите политички партии и независни кандидати на претстојните предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни.
Во наредните 20 дена сите партии, коалиции и независните кандидати кои се пријавиле за учество на изборите, ќе можат да ги претстават своите програми пред гласачите и да објаснат зошто ја бараат довербата од граѓаните.
Кампањата ќе трае до трети јуни точно на полноќ. Денот пред гласањето е изборен молк. Гласачките места на 5 јуни ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.
Граѓаните имаат прилика да направат избор меѓу 18 кандидатски листи кои се потврдени од страна на Државната изборна комисија.
Право на глас имаат околу еден милион 835 илјади граѓани на Република Македонија кои се евидентирани во Единствениот избирачки список.
Изборите ќе бидат спроведени според пропорционалниот модел во шест изборни едниници на територијата на Република Македонија и три за македонските граѓани кои живеат во дијаспората.
Изборите ќе ги набљудуваат 332 претставници на Канцеларијата на ОБСЕ и ОДИХР и 3.500 претставници на граѓанската асоцијација МОСТ.
Со цел фер и демократски изборен процес 30 политички партии минатата недела потпишаа Кодекс на однесување за време на парламентарните избори.
Домашните и меѓународни релевантни институции апелираат за организирање и одвивање избори во фер и демократска атмосфера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi