Уште една будала како Брејвик!!! Сега во Австрија!! Се котат како зајци!!!

popara1 август, 20111min00
utoja

Додека целиот  цивилизиран свет се уште е потресен од злосторството на норвежанецот Брејвик кој е опседнат со исламизација на Европа, пратеник на австрискиот парламент и член на ултра десничарската партија “Партија за слободата” (ФПО) ,Вернер Конигсхофер кој на својот блог повлекол паралела помеѓу експлозиите на бомби во Осло и исламистичкиот терор, каде атентатот го споредува со абортус, додека жртвите на ужасниот масакар на островот Утоја, ги споредува со абортирани деца.
Поради таквиот настап, кој ја вознемирил австриската јавност, Конигсхофер бил приморан да го затвори својот блог, а лидерот на партијата “Партија за слобода”, Хајнц Кристијан Штрахе го исклучил од партијата и од националниот парламент.

– Морав да дејствувам решително, бидејќи тој чин ја надмина секоја мерка – изјавил Штрахе.

Австриските медиуми ваквиот чин на контроверзниот ултрадесничар Штрахе, го поврзуваат со неговата кампања за следните парламентарни избори во 2013 година, со што тој не сака со вакви напромислени потези на неговите соработници да ги изгуби своите австриски гласачи.
Конигсхофер, незадоволен од исклучувањето од партијата и од пратеничкото место, најавил жалба до комитетот на Австрискиот Национален совет.
За Австриското радио и телевизија ORF, Конигсхофер изјавил дека нема да ги повлече своите изјави и дека најостро го осудува атентат во Норвешка, но исто така ги осудува и тие кои вината сакаат да ја префлат на неговата партија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag