Уште една модна провокација на Андреј Пејиќ
24 декември, 20110
![Untitled-6](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/12/Untitled-61.jpg)
Фотографијата од андрогениот модел Андреј Пејиќ се најде на насловната страница на февруарското издание на познатиот магазин „Fashion“.
Манекенот на фотографијата е прикажан во кратко кремасто фустанче, во навистина женствено издание, што уште еднаш покажува зошто многу светски дизајнери се фасцинирани од неговата појава. Автор на фотографијата е Му Кинг, а стилис Џорџ Антонопулос, кој го осмислил целосниот стајлинг на Пејиќ.
Оваа фотографија претставува уште еден доказ за бришењето на границата меѓу категориите пол и род. Пејиќ веќе многу пати позирал облечен како женско, а оние кои не се упатени во неговата работа лесно може да бидат прелажани и да помислат дека станува збор за жена.