Уште една трудница во Холивуд! Хилари Даф бремена!

16 август, 20110
Hilari Daf

Американската актерка и пејачка Хилари Даф и нејзиниот сопруг, хокеј играчот Мајк Комри, го очекуваат нивното прво дете.

Даф оваа новост ја објави на својот веб-сајт, како и веста дека таа и Комри ја прославуваат првата годишнина.

“Сакаме да споделиме возбудлива новост со вас. Наскоро ќе бидеме тројца”, пишува актерката на нејзиниот веб-сајт. “Многу сме среќни и подготвени сме да започнеме ново поглавје во нашите животи.”

Неколку дена пред да потврди дека е бремена, Даф изјави за едно американско списание дека таа и нејзиниот сопруг многу сакаат деца.

Хилари Даф (23) и канадскиот хокеј играч Мајк Комри (30) се венчаа на 14 август минатата година на ранч во Санта Барбара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma