Уште една урнебесна комедија на повидок! Ќе се снима серија за „Полицаецот од Беверли Хилс“!!! :)))

5 ноември, 20110
beverly-hills-cop-ii-original

Иако сеуште нема официјална потврда, во Холивуд веќе гласно се зборува дека филмскиот серијал од осумдесетите години на минатиот век, „Полицаецот од Беверли Хилс“, наскоро ќе стане телевизиска серија.

Всушност, познатиот актер Еди Марфи, кој ја играше улогата на детективот Аксел Фоли, веќе долго време преговара со студиото Парамаунт за овој проект да стане реалност. Идејата веќе помина низ рацете на неколку сценаристи, како и на режисерот Брет Ретнер, со кого Марфи неодамна соработуваше.

Марфи неодамна потврди дека нема да има ново филмско продолжение, но објави дека работи на нов проект за телевизиска серија во која главен лик ќе биде синот на Аксел Фоли, додека самиот детектив ќе биде шеф на полициската станица во Детроит. Марфи планира да се појави во неколку епизоди, но во телевизиската верзија на „Полицаецот од Беверли Хилс“ неговата улога ќе биде споредна.

Освен тоа, Марфи објави дека повеќе нема да снима семејни филмови. Тој вели дека влегува во фаза на „полипензија“, што значи дека се помалку и помалку ќе го гледаме на филмските екрани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi