Вук Драшковиќ не е единствениот кој има своја икона. Сега и турбо фолк пејачката Цеца има своја икона која е поставена во црквата Света тројца во Трстеник.
Во едно село покрај Пожаревац пред десет години гастербајтерите можеле да добијат икона со својот лик за две до три илјади евра.
На сето ова дал коментар професорот Димитрија Калезиќ кој вели дека тие фрески може да се изработуваат за дома, за спомен, но не и да се поставуваат во црква. Но, како што кажува тој не пости закон со кој може да се казнат оние кои ќе го направат тоа.