Увото – виновник за вртоглавица

popara9 јули, 20111min00
uvo

Ненадејно почнува да ви се врти во главата и се чувствувате како некој друг да управува со вашето тело. Вртоглавицата е непријатна, но за среќа, обично трае кратко. Понекогаш за неа главен виновник е увото.

Камчиња во увото

Симптоми: Силна вртоглавица која трае кратко, зуење во ушите, потење, пребледување, тахикардија и чувство на топлина.

Причина: Можеби вртоглавицата е предизвикана од таложење на камчиња во делот на внатрешното уво. Станува збор за кристали од калциум карбонат, кои, кога се движат, предизвикуваат губење на рамнотежата.

Лек: Специфични движења кои ќе ги примени ушниот доктор, со цел камчињата да се вратат назад на своето место.

Воспаление на нервите

Симптоми: Вртоглавици кои траат од два до пет дена, гадење, повраќање.

Причина: Можеби има воспаление на нервот кој води од увото до мозокот. Невритисот може да го предизвикаат вирусна инфекција или труење со храна (особено во лето).

Лек: Лекови против процеси на воспаление, троболитици или диуретици кои го подобруваат протокот на крв.

Зголемен притисок во увото

Симптоми: Вртоглавици кои траат од 15 минути до два часа, ослабен слух, свирење и зуење во ушите.

Причина: Мениерова болест, како последица од зголемен притисок на течности во лавиринтот на увото.

Лек: Повеќемесечно земање на осмотски диуретици кои го намалуваат притисокот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag