Варениот домат лечи холестерол

23 мај, 20110
tomato-juice

Доматите се најчеста состојка во милиони кулинарски рецепти.  Сосовите за тестенини и преливи за пица се незаменливи без сочен домат. Научниците докажале дека варениот домат ги има истите состојки како статини, кои се користат како борба против холестеролот. Тие може да бидат доста ефикасна замена за статините, лекови кој се препишуваат за овиe состојби кои водат кон проблеми со срцето.

Консумирањето на само 2 децилитри сос или сок од домати во текот на денот е доволно за да им помогне на овие пациенти. Тајната е во високото ниво на состојката ликопен. Овој моќен антиоксидант е извор на добро здравје, со што се намалува ризик од срцеви болести.

Варениот домат е најдобар, бидејќи организмот може да апсорбира повеќе ликопен од него, отколку од свеж домат.

Експертите од Австралија ги анализирале резултатите од 14 меѓународни студии за придобивките од ликопен во последните 55 години. Тие заклучиле дека тој произведува природна одбрана од зголеменото ниво на таканаречениот лош холестерол во крвта. Студијата покажала дека повеќе од 25 мг ликопен дневно го намалува лошиот холестерол и до 10%, изјавила д-р Карин Рид, еден од авторите на студијата.

Доматот има подеднакво дејство како лековите кои обично се препишуваат во овие случаи, а нема ни нус појави кои вклучуваат болки во мускулите, слабост и оштетување на нервите. Ликопенот исто така се наоѓа и во лубеницата, гуава, папаја, грејпфрут и кајсиите, но во многу помали количини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber