Аргентинската уметничка Марта Минухин во Буенос Аирес ја направи Вавилонската кула на книги, која е изградена од 30.000 книги на различни светски јазици. Како што пренесува AFP, импресивната уметничка инсталација изградена на плоштадот Сан Мартин, Буенос Аирец, подигната на централниот плоштад, по повод светскиот ден на книгата на УНЕСКО, а градот за 2011 е негова престолнина.
Книгите кои ја прекриваат спиралната структура на кулата, висока 25 метри, се подарок од 50 странски амбасади, но и од самите граѓани на Буенос АИрец. Оваа необична Вавилонска кула ќе биде отворена за посета до 28 мај, кога ќе биде размонтирана.
Мал дел од книгите ќе им биде поделен на посетителите, додека остатокот ќе се најде на полиците на библиотеката Вавилон, првата повеќе јазична библиотека во Буенос Аирец.